Дисиплинска постпка за Шкендија - тетовци ги чека дебела казна за дивеењето на Филип Втори

 

Фудбалската Федерација на Македонија, која беше организатор на финалето на Купот на Македонија, ќе покрене или веќе покрена постапка против ФК Шкендија и ќе ја предаде на Дисциплинската комисија, јавува Македонски спорт повикувајќи се на свои извори. Причината за оваа постапка е недоличното однесување на нејзините навивачи. Според ФФМ тие имаат повеќе гревови како на пример свирење на химната, националистичкото скандирање, потоа употреба на пиротехника и фрлање на факели на терен и поради неколку минутен прекин на финалето со Работнички поради фрлање и на хартиени ленти. Јасно е дека Шкендија во најдобар случај се соочува со висока парична казна.
Некои спортски медиуми веќе објавија дека постои можност Шкендија да добие забрана и своите европски натпревари да ги игра на Филип Втори, единствениот стадион во Македонија кој ги задоволува стандардите.

 
 
17.05.2016 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега