Дејвид Гета и еден милион фанови ја снимија песната за Европското првенство 2016
На еден месец пред стартот на Европското фудбалско првенство во Франција, излезе дел од химната на првенството што утре ќе биде и официјално промовирана.
Автор на песната „ This one is for you“ е францускиот диџеј Дејвид Гета. Химната на ЕВРО 2016 е снимена во соработка со шведската пејачка Зара Ларсон, а на работеле дури еден милион луѓе! Познатиот диџеј преку апликации побарал помош од фудбалските фанови за снимање на вокалите и еден милион луѓе одговориле на повикот и се вклучени во создавањето на химната.
– Сакав да направам нешто за навивачите, да ги ставам нив во центарот на вниманието на ова првенство. Барав милион љубители на музиката и на фудбалот и не можам да верувам дека толку многу одговорија на повикот. Се обидов да направам нешто многу посебно, побарав од навивачите од целиот свет да го слават овој фестивал на фудбалот и да бидат дел од химната на првенството. Пресреќен сум што успеавме во ова – изјави Дејвид Гета.
Идејата и химната во која се вклучени и навивачите поздравена е и од одговорните луѓе во УЕФА.
– Знам дека постои посебна врска меѓу фудбалот и музиката и дека тие може да предизвикаат силни реакции кај луѓето. Дejвид Гета е еден од најуспешните продуценти и оваа соработка меѓу него и навивачите е нешто потполно ново. Ова е песна од навивачите за навивачите – истакнува директорот на маркетингот во УЕФА, Гај Лоран Епстајн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа