Неговиот тим е праг на најголемото изненадување во историјата на фудбалот - тој не е нималку возбуден

 

Лестер е на праг на титулата во Премиер Лигата, само три бода, односно една победа од 3 натпревари. Но нивниот тренер Клаудио Раниери не е премногу возбуден поради ваквите случувања.

„Што направив кога слушнав дека Тотенхем ремизирал? Ништо, бев дома со мојата сопругата, се релаксирав како и секоја недела навечер. Во моите години одморот е доста важен, мене ми беше потребно да се опуштам после пеколните 90 минути на Кинг Пауер Стадионот. Не можам истото да го кажам за моите момци. Вчера околу полноќ кога веќе скоро бев заспан слушнав како ми ѕвони ѕвончето. DILLY DING, DILLY DONG. Беа Џејми Варди и Ријад Марез и играа некој танц пред мојата, веројатно се напиле малку повеќе во паб во Лестер. Ги пофалив за танцот, а потоа ги советував да одат на спиење, потсетувајќи ги дека утре имаме тренинг. Не можам да бидам строг кон нив, ми поклонуваат сон, си поклонуваат сон на самите себе. Од друга страна, моите момци се малку луди“, вели Раниери

 
 
27.04.2016 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега