Откриена причината за двојното убиство во Скопје
Двојно убиство и самоубиство синоќа го потресе Скопје. Припадникот на МВР, 44-годишниот Дончо Ѓ. од Скопје синоќа во семејна куќа во Волково, ги уби 76-годишната Елена В.и нејзината 47-годишна ќерка Снежана В. а потоа и самиот си пресуди.
Според неофицијални информации, скопјанецот убиството го извршил поради тоа што двете жени се спротивставувале на неговата љубовна врска со девојка, која инаку е ќерка на Снежана и внука на Елена, а моментално работи на брод.
Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот, по што било утврдено дека Дончо со пушка ја усмртил Снежана пукајќи и во глава, а нејзината мајка Елена имала повреди во пределот на торзото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа