Страшна несреќа во гостиварско: Се преврте комбе, повредени деца
Страшна соообраќана несреќа се случи денеска во гостварското село Падалиште. Патничко комбе во кое се превезувале и ученици излетало од локалниот пат за гостиварското село Падалиште, дознава КУРИР.
Според првичните информации, возачот на комбето од засега неутврдени причини изгубил контрола по што возилото излетало од патот и се превртело.
Повредените се пренесени во болница, но засега нема информации за нивниот број и карактерот на повредите.
11.04.2016 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа