МЗТ го доби вечното дерби со Работнички
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го добија ,,вечното" дерби против Работнички со 81:71.
На натпреварот од 24.коло во Првата лига, одигран вечерва во СЦ Јане Сандански, иако гостите од „Градски парк" речиси 35 минути имаа водство, сепак актуелниот шампион со серија од шест „тројки“ успеа да направи комплетен резултатски пресврт и по трет пат сезонава да го совладаат Работнички.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Ѓорѓе Дреновац кој средбата ја заврши со 24 поедни, додека Дамјан Стојановски постигна 17.
Кај поразениот тим најмногу коша 23 постигна Димитар Мираковски, додека Ѓорѓи Чековски постигна 29.
Во вториот натпревар одигран вечерва во Гевгелија, екипата на Фени Индустри забележа очекувана победа над Бест со 81:63.
Утре на програмата се преостанатите два меча во кои, Куманово го пречекува Карпош Соколи, а Кожув е домаќин на Струмица. Двата натпревари ќе започнат во терминот од 19 часот.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 22-2 (победи-порази), Карпош Соколи 17-6, Фени Индустри 16-8, Куманово 15-8, Работнички 10-14, Кожув 10-13, Струмица со 4-19, Бест 0-24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа