Се рушат бариерите: ПСЖ го носи Нејмар за 200 милиони евра

 


По најавата дека Златан Ибрахимовиќ летово ќе го напушти францускиот шампион Париз Сен Жермен се погласни се најавите за тоа кој ќе го замени шведскиот голгетер во редовите на „Светците’’. Последната информација која ја пласира весник „Л'Екип“, вели дека најблиско до трансфер во Париз е Бразилецот, Нејмар.

Според весникот, Вагнер Рибеиро менаџерот на Нејмар е отворен за преговори со катарскиот емир и сопственик на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи за трансфер на Бразилецот до Барселона во ПСЖ.

- Договорот на Нејмар со Барселона истекува во 2018. година. Сепак, во иднина примамлив е животот во Париз, а играње во клуб каков што е ПСЖ е сон за секој фудбалер. Ќе разговараме за можен трансфер доколку ПСЖ покаже интерес. Не мислам дека 193 милиони се проблем за парискиот клуб, изјавил Рибеиро за францускиот весник.

Француските медиуми пренесуваат дека сопственикот на францускиот шампион е спремен да ја плати откупната клаузула на бразилската суперѕвезда, која изнесува 193 милиони евра. Новата плата на Нејмар би изнесувала 5,5 милиони евра повеќе од сегашната.

 
 
04.04.2016 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега