Сообраќајната несреќа го откри: Кумановчанец ќе одговара пред полицијата
Кумановчанец заработи кривична за фалсификувана исправа. Се работи за 28-годишниот Д.Ј. кој заедно со 20-годишниот М.А. ќе одговара пред полицијата. Тој откако набавил моторцикл Јамаха го избришал фабричкиот број на шасијата на истиот и како таков за одредена сума на парични средства го продал на М.А. без регистарски број и без сообраќајна дозвола, кој пак го управувал моторциклот во јавен сообраќај се до 19.01.2016 година, кога со истиот учествувал во сообраќајна незгода.
18.03.2016 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа