МНР: Самарас не покажува заинтересираност за спорот околу името
Грчкиот премиер Андонис Самарас не покажува расположение за фокусиран и интензивен дијалог за надминување на спорот во рамки на процесот дефиниран во ОН, а вината за блокирањето на Македонија ја префрла на сметка на ЕУ. Ова е реакцијата од македонското Министерство за надворешни работи по одговорот на Самарас.
Инаку, Самарас во својот одговор кон премиерот на Македонија, Никола Груевски, ги одби средбите кои тој му ги понуди и даде образложение дека немало потреба од нив бидејќи Грција не била таа што ги блокира евроинтеграциите, туку самата ЕУ не дозволува Македонија да оди напред.
ФОТО: Дневник