Отворено писмо до Питер Ван Хауте

 

Почитуван господине посредник или медијатор во преговорите помеѓу најголемите политички партии за регулација на медиумите во Република Македонија, би сакал да Ви се обратам лично поради Вашата изјава која ја презедов од медиум кој има силни симпатии кон опозициските политички партии.

Цитирам:

Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа ве молам обидете се да го искористите она што го имате и да го подобрите тоа – изјави Питер Ван Хауте вечерва во Скопје.

Неможам да се изначудам дали оваа изјава сте ја дале при здрава свест и под целосна морална и етичка одговорност и дали разбирате каква улога Ви е доделена? Поради тоа сум приморан да Ви поставам дузина прашања за кои најверојатно и немате одговор, бидејки очигледно немате основни познавања во која држава сте дошле.

Дали знате кога е отворена Телевизија Скопје и каде го има извршено првиот директен телевизиски пренос? Дали знаете дека во тоа време Турција и Бугарија немаат државни телевизии? Дали знате дека причината за организирање на Евровизискиот спектакл е за промоција на телевизиите, а не на пејачите? Дали го познавате Љубомир Јакимовски (обично вработените го викаа Пиноче во позитивна конотација) и која е неговата улога во супер и хипер продукциски смисол и које е неговата улога со првиот Закон за Радиодифузија, кога све било анархично и хаотично? Знате кој бил Димитар Бузлевски и дека е член на СДСМ кога е донесен првиот легитимен закон? Дали знаете дека кога Љубчо Георгиевски од митинг во Прилеп најавува дека нема да се плаќа радиодифузна такса, дека СДСМ таквиот предизборен потег го најавува како злостортсво врз МРТВ? Дали знаете дека големиот евроинтегративец Радмила Шеќеринска од населбата Бутел, во Скопје, оваа година најавува дека истата СДСМ, на која е член од раните деведесети, ќе ја укине радиодифузната такса како патриотски чин? Дали знаете дека во анализите за трансформација на јавните радиодифузни сервиси стриктно пишува дека не смеат да се финансираат истите од Буџет, туку од радиодифузна такса, буџетски дотации (не донации) и маркетинг? За да знаете со каков евроинтегративец имате работа слободно можете да прашате дали личноста што многу обича да патува во држави кои завршуаат на стан за азиските проблеми да ги решава, кој е главен град на Азискиот Центар и каков вид на популација живее таму? Дали сте чуле дека потписници на Законот за радиодифузија од 19 Ноември 2005 година се Бранко Црвенковски, Претседател на Република Македонија, д-р Владо Бучковски, Претседател на Владата на Република Македонија, и Љупчо Јордановски, Претседател на Собранието на Република Македонија, и дека сите тројца се од СДСМ, а воедно законот беше оценет со највисоки оцени од Европа и дека истиот е донесен по Рамковен договор? А, знаете кој изврши експертиза на законот? А, дали некогаш сте разбрале како Љупчо Манчевски и Гордана Стошиќ законски ги спасуваа претпријатијата во кои директоруваа и како големиот Финансиски експерт Никола Поповски министер за финансии од СДСМ не им префрли ни денар и ги остави на цедило?

Заклучок само за Вас.

Кога доаѓате да се претставите како голем медијатор и да земате големи дневници од европските даночници мора прво да имате сериозни познавања за државата каде доаѓате и за нејзиниот развој посебно во сегмент кој не е ни најмалку совршен, ама ни катастрофален како што сакате Вие лично да не претставите. Вие не сте Роберт Поповски, кој има легитимно право да критикува дека сме во вонредна состојба од позиција на Директор на центарот за комуникации на СДСМ. Вие директно не навредувате нас сите колективно дека немаме елементарни познавања од медиумската регулатива, за разлика од Вас кој очигледно сте елементарно неписмен за медиуми.

Затоа почитуван, иако нашиот министер за надворешни работи не Ве испрати во неповрат, најверојатно од џентламенство во дипломатските односи, сами треба да си ги спакувате куферите во еден правец. Дома.

За разлика од Вас, господине елементарно неписмен, во и не така далечните 2004 и 2005 годинаa господинот Карел Јакуповиц, роден во Полска, изврши експертиза на предлог законот за радиодифузија во два наврати и имаше три круцијални забелешки. Ќе ви ги нотирам:

  1. Преносот на сигналот на јавниот радиодифузен сервис (МРТВ) да го пренесува јавна комуникациска мрежа по пат на конкурс. Ние, по човечка и исклучиво патриотска молба на Љупчо Манчевски и Гордана Стошиќ, ја впишавме Македонска Радиодифузија за да спасиме 200 вработени.
  2. ТВ канали кои се некогаш регистрирани во една држава, неможат да бидат предмет на лиценцирање во друга држава. Откако му цитиравме на Јакуповиц членови од законот во Република Полска едноставно се сложи дека не смее ниту еден странски канал да ги нарушува авторските права и уставниот поредок во Република Македонија
  3. Е третово ако платите дел од дневниците можеби тогаш и ќе ви ги пренесам знаењата. До тогаш вашата благонадежна преведувачка, која најверојатно е среќна што ја има на камери, ќе може да ви го преведе зборот ИНАЕТ на англиски јазик, или било кој друг.

Само да имате на ум, Карел Јакуповиц се повлече додека беше во рамки на џентламенството, а директорот на Асоцијацијата на Комерцијални телевизииво Европа, лично им честиташе на Зоран Петров, Роберто Беличанец, Дарко Перушевски и мене Виктор Грозданов за добро изработената европска агенда. Добро да размислите дали рзбирате што е облигација и облигаторна рекомендација во медиумите, според европски правила.

А, за да можете да не’ разберете нас и нашиот темпаремент, луѓето кои живеат на просторите од Љубљана до Атина и од Тирана до Варна и Констанца. Силно Ви препорачувам да го запамтите следниов цитат од еден екстремен националистички лидер, за кој сеуште не се знае правниот однос на обвинението, а кој многу не не’ сака нас граѓаните на Република Македонија, меѓутоа неговите ораторски способности некогаш воодушевуваат и се вика др. Воислав Шешељ.

Цитирам од судење во хашкиот трибунал:

„Можете само да ми попушите к**** и да појдете сва г****, која сте изасрали, ј**** вам …..  итн.“

Виктор Грозданов

 
 
08.02.2016 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега