Истражниот судија се плашел дека Паско Кузман ќе избега

Истражен судија му одредил куќен притвор на Паско Кузман заради опасноста од бегство, велат извори од судот за Пресс24.

Екс-директорот на Управата за заштита на културното наследство доби 30 дена како дел од групата Фаланга 2. Осомничен е за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Полицијата се сомнева дека тој незаконски иоздавал решенија за археолошки ископувања а го оштетил и буџетот за околу 20 илјади евра поради полициската интервенција на овие ископувања.

Заедно со Кузман вчера беа приведени уште две лица. Претходно во Фаланга 2 уапсени беа 19мина.

најчитано сега