Украдени 350 литри ракија во велешкото село Караслари

 

Тешка кражба е денеска пријавена во СВР Велес, во викенд куќа во месноста викана „Карасларска Чука“ во атарот на село Караслари, сопственост на 62 годишен жител на Велес.

Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, денеска информира дека сторителот на 24. јануари годинава влегол во дворот од викенд куќата и со употреба на сила и работен алат насилно ја отворил влезната врата. Тој преку внатрешни скали се симнал во подрумските простории од каде одзел околу 350 литри ракија складирана во туби, стаклени шишиња и буре, а  одзел  и една вреќа во која имало околу 10килограми  бакар, по што заминал во непознат правец.
 
Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, соопшти Стојковска, извршила увид на лице место и се преземаат мерки за расветлување на случајот.
 
 
26.01.2016 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега