Марковски повреден, нема да игра против Србија

 

Кружниот напаѓач на македонската репрезентација, Никола Марковски, нема да настапи утре против Србија во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната фаза.

Тој не тренираше, туку се појави во „АВФ арената” со мраз на зглобот, кој и натаму му е потечен.

Со оглед на тоа што со себе поведе тројца кружни напаѓачи, многу веројатно Обрван ќе го врати Жарко Пешевски во тимот, откако младиот ракометар на Металург не настапи во неделата на мечот со Полска. Сите останати репрезентативци нормално го почнаа вечерниот тренинг.

 

 
 
19.01.2016 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега