ЕХФ: Македонија е аутсајдер на Европското првенство во ракомет

 

По сите пофални зборови за апсолутниот фаворит Франција и за домаќинот Полска, креаторите на ова промо-видео ја потенцираа и Србија како репрезентација која станала непостојана откако го освои сребрениот медал на ЕП во 2012 година, пренесува специјализираниот спортски портал СпортМедиа. Но дури и таква, повторно ќе биде голем проблем за Македонија. Единствената наша предност е Кире Лазаров, кој можеби ќе ни донесе нешто повеќе од аутсајдерската улога, вели претставувањето.

„Извлечени во вака тешка група, работите може да бидат тешки за Македонија, во обидите да се пласира во главната фаза. Но со асот на Барселона, Кирил Лазаров, како нивен апсолутен лидер, тие се секогаш закана. Лазаров може да постигне гол против секоја одбрана, давајќи му на својот тим повеќе од само аутсајдерска улога во групата А“, вели нараторот во видеото.

 

 
 
04.01.2016 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега