Фројнд победник на првиот натпревар од турнеата „Четири скокалници’

 

Германецот Северин Фројнд е победник на првиот натпревар од 64-тото изнание на традиционалната Новогодишна турнеја „Четири скокалници’’ во ски-скокови.

На задоволство на домашната публика присутна на скокалницата во германскиот ски-центар, Оберсдорф, Фројнд заработни најмногу бодови за скоковите од 126 метри во првата и 137.5 во втората серија.

Зад него на второто место се пласираа, Михаел Хајлбоех од Австрија со скоковите од 130 и 139, додека како трет заврши Петр Превц од Словенија со скоковите од 129.5 и 130 метри

Превц со 624 бодови е водечки во Генералниот пласман во Светскиот куп, а денешниот победник Фројнд е втор со 499.

Следниот натпревар е одново во Германија, на првиот ден во Новата година, кога најдобрите ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Гармиш-Партенкирхен.

Австриските ски-ценри, Инсбрук и Бишофсхофен, ќе бидат домаќини на 3-ти и 6-ти јануари.

 
 
29.12.2015 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега