Семејството шокирано до вестите дека Шумахер проодел – Германците ја објавија вистинската состојба на шампионот

 

Информациите кои ги објави германскиот магазин Бунте дека неколкуратниот шампион Михаел Шумахер проодел не се точни, демантира неговото семејство.
Веста за значителното подобрување на неговата здравствена состојба ги развесели фановите, но портпаролката на неговото семејство вели дека станува збор за лага која го вознемирува неговите најблиски.
„За жал, поради сите овие написи присилени сме да ја разјасниме состојбата и јавно да кажеме дека тврдењата  дека Михаел може да ја дигне раката не се точни. Такви нагаѓања се многу неодговорни со оглед на тежината на неговата состојба и фактот дека неговата приватност е над се. За жал, ваквите тврдења даваат само лажна надеж во јавноста“ – вели Сабине Кем, портпаролка на семејството Шумахер.

Информациите се дека Шумахер во моментов може да дише без апарати и да ги отвори очите, но информациите дека може да се движи се апсолутно неточни.

 
 
25.12.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега