Симоновски ќе го облече дресот на Кумнаово
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Марко Симоновски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на вицешампионот Куманово. Екипата на Куманово направи неколку измени во составот во однос на стартот од сезоната, а Симоновски ќе биде замена на позицијата на која играше Американецот Инграм.
Симоновски сезоната ја почна како играч на првакот МЗТ Скопје, но поради повреда на ногата не му беше на располагање на тренерот Алеш Пипан. Тоа наметна тој и клубот спогодбено да го раскинат договорот. Симоновски во меѓувреме беше на рехабилитација во Белград.
Репрезентативецот досега од македонските клубови има настапувано за Фени Индустри, Работнички и МЗТ Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа