Тој е прогласен за најдобар македонски кошаркар годинава
Репрезентативецот Војдан Стојановски го понесе признанието за најдобриот кошаркар на Македонија за 2015 година, во изборот на Македонската кошаркарска федерација.
Стојановски кој настапува за шпанскиот клуб Морабанк Андора, беше најдобриот поединец во националниот состав на Европското првенство во Загреб и заслужено ќе го носи епитетот најдобар македонски кошаркар. Сепак Војдан поради клупски обврски не присуствуваше на свеченоста, па наградата во негово име ја прими неговиот постар брат екс-кошаркарот Огнен.
Во женска конкуренција Едина Муса е најдобра кошаркарка за 2015 година.
За тренери на годината се прогласени, Страшо Тодоровиќ од Куманово (мажи) и Перо Стамески тренерот на Бадел 1862 (жени).
Шампионите МЗТ Скопје Аеродром и Бадел 1862 беа избрани за екипи на годината.
Во младинска конкуренција признанијата им припаднаа на: Љубомир Младеновски и Ана Марија Шеќеровска (најдобари млади кошаркар), Срѓан Дамјановски и Влатко Мирковски (најдобри тренери во младинските категории).
МЗТ Скопје и Струга 2009 се прогласени за најдорбри младински екипи (машка и женска конкуренција).
Признанието најдобар судија му припадна на Александар Милојевиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа