ВИДЕО: Црвена Ѕвезда со епски пресврт во ТОП-16 - Падна Баерн во „Пионир“

 

Кошаркарите на Црвена ѕвезда последни изборија пласман во Топ 16 фазата во Евролигата, откако во последното коло во А групата, го совладаа минхенски Баерн со 85:76.

Во клучните минути Ц.Звезда се претвори во „СуперЗвезда“, го доби последниот период со 29-11 и заслужено се избори за пласман во наредната фаза. 

Црвена ѕвезда имаше предност од 13 поени во првиот период, потоа Баерн благодарение на пресинг играта успеа да се врати во мечот, а потоа и да стигне до позитива од 11 кошеви во третата четвртина.

Во последниот период пресудна беше серијата од 9:0 која Црвена ѕвезда ја направи за 70 секунди. Стефан Јовиќ се разбуди кога беше најпотребно, постигна две тројки кога Црвена Звезда имаше негатива од девет поени, и го најави големиот пресврт.

Квинси Милер исто така беше одличен и постогна 21 поени, Мајк Цирбес уфрли 17, а Марко Гудуриќ беше стрелец на 16 поени.

Резултати:

Црвена ѕвезда-Баерн 85:76

Армани Милано-Лимож 69:77

Олимпијакос-Анадолу Ефес 68:81

Локомотив-Барселона 78:74

Зелена Гора-Каршијака 81:83

Уникаха-ЦСКА 76:88. 

 
 
18.12.2015 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега