Македонецот Александар Волкановски стана шампион на Австралија во ММА
Алекс Волкановски, Македонец од Волонгонг, Нов Јужен Велс, Австралија, стана првак на Австралија во мешаните боречки вештини (ММА).
Волкановски во Мангилао Гуам на Шампионатот во слободни боречки вештини на PXC 50 се сретнал со јапонецот Јусуки Јачи, кој беше досегашен шампион на Авастралија. Волкановски стана првак во суперлесна категорија.
Алекс Волкановски е роден во Шелхарбур, кое се наоѓа на југоисточниот брег на Нов Јужен Велс. Неговиот татко доаѓа во Австралија на петнаесет годишна возраст од македонското село Беранци, кое се наоѓа близу Битола.
Алекс уште од мал се интересирал за боречките вештини, започнал со аматерско борење, при што забележал добри резултати. Ова искуство му помогнало да премине во најпопуларниот спорт во Австралија- рагбито, но, набрзо, повторно се враќа на својата прва љубов -боречките вештини или мешаните боречки вештини.
Моментално е шампион во супер лесна категорија и се смета за еден од најталентираните борци. Алекс е многу горд на своето македонско потекло. Неговото најомилено македонско јадење е традиционалното тавче гравче и бурек. Досега немал шанса да ја посети земјата на своите предци – Македонија, ама тоа му било на прво место откако ќе завршат натпреварите.
Досегашни успеси на Алекс се:
PXC Featherweight World Title.
Roshambo lightweight and welterweight champion
Current Wollongong Wars Lightweight Champion
Current Cage Conquest Welterweight Champion
Australian wrestling champion
Australian BJJ Gi and No Gi champion 2014
MMA Australia best domestic fighter 2014
Australia’s Knockout of the year 2014
Currently ranked the number 1 lightweight and featherweight in Australia on topology
Opponents win/loss record totals 94 wins 41 losses (Never fought an opponent with a losing record)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа