БРАВО: Вардар го “згази“ Колдинг

 

Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Снадански“ со убедливи 34:24 го победија Колдинг и му се реваншираа за поразот во Данска. Воедно вардарци ја прекинаа серијата од три загубени натпревари во низа, пишува МИА.

По почетното водство на гостите „црвено-црните“ ја преземаа иницијативата и со агресивна одбрна и ефикасен напад по само десетина минути стигнаа до значителна разлика (5:1) која постојано јазголемуваа за веќе на полувремето победникотда биде решен (18:8) по двоцифрена предност за Вардар.

Во вторите триесет минути избраниците на тренерот Раул Гонзалес одиграа рутинирано и стигнаа до шестата победа оваа сезона во Лигата на шампионите, пишува МИА.

Лука Циндриќ, Дибиров, Матјаж Брумен и Алем Тоскиќ постигнаа по четири голови во домашниот состав, на голот се истакна Арпад Штербик со 15 одбрани.

На другите натпревари од 8.коло во Б-групата вечерва играат:

Кристијанштад – Монпеље,
Барселона – Киелце и
ПИК Сегед – Рајн Некар Ловен.

Табела: Барселона 15 бодови, Рајн Некар Ловен 13, Вардар 12, Киелце 12, ПИК Сегед 11, Монпеље 5, Кристијанштад 4, Колдинг 2.

 
 
05.12.2015 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега