Гвардиола се сели во Манчестер Сити на крајот од сезоната

 

Тренерот Пеп Гвардиола сепак заминува од Баерн Минхен и оди во Манчестер Сити.

Според „El Mundo Deportivo“, тој го потпишал договорот со Манчестер Сити овој четврток.

Деталите не се познати, но наводно тој ќе остане со Баерн Минхен до крајот на сезоната.

Се шпекулираше дека Баварците на Гвардиола му нуделе 18 милиони евра нето годишно, што е највисока тренерска плата во светот на фудбалот, но можеби понудата на англискиот клуб била уште подобра.

Баерн е во потрага по нов тренер, а германските медиуми веќе шпекулираат со името на Карло Анчелоти.

 
 
27.11.2015 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега