Младите фудбалери на Македонија победија на гостувањето во С.Ирска
Младата репрезентација на Македонија забележа победа на гостувањето против Северна Ирска од 1:2 во 3. коло од квалификациите за ЕП. Резултатот на полувреме беше 1:0 во корист на домаќините.
Македонската репрезентација до победата дојде со голот на Кире Маркоски во 85. минута, откако претходно во 43. минута домашните поведоа со голот на Доерти, а на самиот почеток од второто полувреме во 46. минута Барди израмни на 1:1. Асистент на двата гола за Македонија беше Ангелов.
Според информациите од островот Македонија била подобриот противник, свои шанси за погодок имале, Муслиу во 26. минута, Аврамовски во 37. минута, повторно Муслиу во 73. минута, а во 81. минута Бабунски ја погодил стативата.
По три кола Македонија има шест бода и се наоѓа на втората позиција со пет бода помалку од Исланд кој има и два натпревари повеќе.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа