СДСМ со поддршката на бадинтер во ДИК, поддржува етнизација наместо делување според правото

 

Принципот на Бадинтер е вовед во промена на уставниот поредок, коментираат познавачите на уставната материја. Со поддршката на бадинтер во ДИК, СДСМ поддржува етнизација наместо делување според правото.

СДСМ го поддржа предлогот на ДУИ да се воведе бадинтер во одлучувањето на ДИК. Тоа според познавачите е крајно опасно, бидејќи може да доведе до блокирање на државата. Албанците ќе можат да суспендираат избори и да нема резултати. Тие додаваат дека ако се почне со бадинтер, тогаш крајниот епилог е бадинтеров принцип за секаде и за се', при што се наметнува етнизација, наместо делување на правото. 

Практично воведувањето на бадинтеровиот принцип кој СДСМ го поддржува би значело дека при приговор во општина каде има над 20 проценти Албанци ќе се одлучува не според аргументи, факти и докази, туку според етнополитичка логика, што е трајно нарушување на принципите на правичност.

Тоа во ситуација на изборна неправилност би значело дека не е важно што има повреда на процедурите и правилата, туку како ќе одлучат Албанците, кои доколку се договорат би можело исклучиво да носат одлуки кои се во нивна полза. Познато е дека кога се работи на албанските интереси тие се многу поединствени и ДУИ и ДПА соработуваат.

Истовремено, предлогот е да влезат и тројца експерти во ДИК од кој еден Албанец, со што би се засилило нивното влијание.  Па така, може да се случи иако доминантно македонска општина како Бутел, Петровец и слично, доколку има приговор во македонско избирачко место како Радишани или село Петровец, ќе се одлучува во ДИК според бадинтеров принцип и ќе се носат одлуки според етничките интереси, а не правната сила.

Со воведувањето да се одлучува по бадинтеров принцип, значи дека во иднина на таков начин ќе се одлучува и за секоја неправилност во избирачко место во Струга, Кичево, Куманово, Пласница, Тетово, Гостивар, Дебар, Чаир, Бутел, Петровец, Студеничани...

-Бадинтер не смее да се користи надвор од уставно утврдените правила и прецизно дефинираните области. Бадентер не смее да биде принцип кој ќе се користи за политички и правен волунтаризам и партиски егзибиционизам, смета универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска. 

Експертите додаваат дека со тоа што СДСМ предложува ваков предлог се прави лош преседан и во иднина се дава дозвола да се дискутира и за одлучување со бадинтер во Уставниот суд, одлуки на Влада, носење на буџет, обвинителство, со што своевидно би значело и надминување на постојните рамки и нов рамковен договор.

 

 

Оцени ја веста

12.10.2015 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега