Нов пораз за МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата

 

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром го доживеа и третиот пораз во новата сезона во АБА лигата откако попладнево загуби во рамките на 4.коло од Мега Лекс со 82:70 (8:26; 30:16; 27:15; 17:13).

На стартот од дуелот „металците“ беа подобриот тим и откако ја добија првата четвртина во вториот период имаа и највисоки +20 разлика (28:8). Но, во продолжението како да играа без одбрана и во вториот и третиот период заедно примија вкупно 57 поени. На тоа треба да се додадат и вкупно 19 грешки.

Во редовите на Мега најрасположен беше македонскиот репрезентаивец Предраг Самарџиски (поранешен играч на МЗТ Скопје), кој имаше „дабл-дабл“ учинок 22 поена и 10 скокови. Кај МЗТ Скопје Марко Љубичиќ и Марко Луковиќ со по 15 поени беа најефикасни.

На другите натпревари од 4.коло одиграни попладнево: Будуќност го совлада Задар со 78:47, а Крка беше подобра од Цедевита со 85:77. Вечерва играат: Цибона – Олимпија, а вчера Црвена Звезда го победи Тајфун со 113:66.

Колото ќе биде комплетирано со утрешните натпревари: Игокеа – Партизан и Сутјеска – Металац.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега