Се открива планот на СДСМ за бегање од народот и изборите
СДСМ преку постојано креирање на вештачки кризи, тврдоглаво однесување и давање на предлози и барања на штета на македонската држава, прави сè за да избегне избори. Дека тоа им е планот открива и Слаѓана Тасева која е отворен поддржувач на политиките на опозицијата.
Во оваа еуфорија сега и со толку очекувања, се прават времени поминувања од една на друга точка да се добие во време. Можеби пролонгирање на датумот за избори е некаква цел за целата оваа работа. Во суштина ние сме доведени до една таква ситуација, вели Тасева во гостувањето на 24 вести.
Една од ударните тупаници на СДСМ, Бранко Героски во колумна, пак, пишува дека рејтингот на премиерот Никола Груевски пораснал. Тој пишува дека на претседателот на Владата рејтингот му се зголемил за цели 3 осто. Ова значи дека и самиот опозициски блок и СДСМ се свесни за огромната поддршка на народот кон Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, чиј рејтинг е повисок од пред периодот на бомбите, наспроти слабиот рејтинг на СДСМ и Заев што е причина плус СДСМ да се плаши од избори. Бегањето од народот и одложување на датумот, се чини, за СДСМ е најдобра опција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа