СКАНДАЛ: Еден од најдобрите македонски фудбалери падна на допинг тест!

 

Македонија без капитенот на Динамо Загреб игра против Украина и Белорусија. УЕФА го суспендираше поради позитивен допинг тест на дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите, објави Македонски Спорт. 

-УЕФА вчера ги известила Динамо Загреб и Фудбалската Федерација на Македонија дека Аријан Адеми е позитивен на допинг тест направен пред неколку недели во Загреб по дуелот на Динамо со Арсенал во групната фаза од Лигата на шампионите. Веднаш по скандалозната вест фудбалерот заминал кон Загреб и ја напуштил репрезентацијата која истанува без главниот играч во средниот ред за квалификациксите дуели со Украина и Белорусија. Според она што го дознаваме Адеми е позитивен на тестот а тој и неговиот клуб ќе бараат Б тест. Капитенот на Динамо Загреб сега е под условна суспензија се додека не се добијат резултатите на вториот тест. Можеби се ќе биде во ред со оглед на тоа дека Адеми веќе пет пати бил на допинг тест во Динамо и немал проблеми. Тој се жалеше на повреда пред дуелот со Арсенал и затоа не настапи за нас на средбите со Луксембург и Шпанија, пишува Македонски спорт

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега