Неверојатни мерки на безбедност за мечот Албанија-Србија: Хеликоптери, снајперисти и 2000 полицајци ќе го обезбедуваат стадионот

 

Во четврток во Елбасан се игра квалификацискиот меч кој е прогласен од висок ризик.

Квалификацискиот меч за Европското првенство 2016. кое ќе се одигра во Франција, помеѓу репрезентациите на Албанија и Србија ќе се одигра во Елбасан на 8.октомври со почеток во 20:45 часот.

Долгоочекуваниот меч Албанците планирале да го одиграат на реновираниот стадион во Скадар, но УЕФА не го дозволи тоа поради доцнењето на градежните работи на стадионот „Лоро Боричи“, во кој вложија 12 милиони евра.

Селекцијата на Албанија има шанса со победа над Србија да останат во игра за прв историски пласман на Европското првенство, додека нивниот противник нема никакви шанси за такво нешто.

Да потсеиме, мечот помеѓу Србија и Албанија, пред една година во Белград, не го доживеа својот крај, поради дронот кој леташе над стадионот носејќи знаме на голема Албанија. Поради тоа настанаа нереди предизвикани од домашните навивачи, а подоцна Судот за спортска арбитража трите бода и ги додели на албанската селекција.

Но, додека медиумите со денови известуваат за најризичниот меч, играчите ја смируваат тензијата.

-Играме фудбал, не одиме во војна, вели српскиот репрезентативец Лука Миливојевиќ, кој додава:

-Не ни е потребна тензија која е создадена поради други работи бидејќи тоа е меч како и секој друг. Убеден сум дека сме подобри од нив и дека во првите 20 минути ќе решиме многу нешта. Сите сакаме победа, народот, а и ние. Триумфот над Албанија го посакувам повеќе од било што друго, вели фудбалерот.

Капацитетот на стадионот во Елбасан е 12.800 гледачи, влезниците се веќе распродадени, a се да биде како што треба ќе се грижат 2000 полицајци, 400 редари, бројни безбедносни служни, снајперисти, а ангажирани се и три хеликоптери.

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега