Запрена истражната постапка против Меси за даночно затајување
Шпанското обвинителство одлучи да ја запре истрагата против фудбалерот на „Барселона“ Лајонел Меси, за даночно затајување, но не и против неговиот татко Хорхе, пишува мадридски „Ел паис“.
Таткото и синот Меси, пред две години и платија Даночната управа на Шпанија, одеднаш пет милиони евра, „заостанти обврски“ но постапката против двајцата беше продолжена.
Доколку Хорхе Меси биде формално обвинет и осуден, може да биде казнет со 18 месеци затвор и парична казна од два милиони евра.
Случајот со прославениот фудбалер и неговиот татко трае веќе подолго време, откако шпанските даночни власти ги обвинија затајување данок во висина од четири милиони евра.
Обвинителство го сомничи таткото Хорхе дека не платил данок за приходите на синот Лајонел, од заработувачката на оф-шор компанијата во централноамериканската држава Белизе, во периодот меѓу 2007 и 2009 година.
Адвокатите на Лајонел Меси објаснуваа дека тој „не посветил ниту малку внимание“ за да ги прочита и проучи договорите што ги потишувал.
Врховниот суд во Барселона одби да му даде имунитет на фудбалерот во случајот што се води против неговиот татко.
Обвиителството на Шпанија сега одлучи целосно да ја запре постапката против Лајонел Меси и да го ослободи од натамошни испитувања.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа