ФОТО: „Нула“ коефициент за победа на Србија во Елбасан
Идната недела повторно на програмата се квалификациите за Европското првенство 2016-та година.
Еден од мечевите кој привлекува големо внимание е оној кој ќе се одигра во Елбасан помеѓу Албанија и Србија. Овој меч се смета за високоризичен со оглед на тоа дека првиот кој беше одигран во Белград беше прекинат поради нередите предизвикани од домашните навивачи, испровоцирани од дронот кој носеше знаме на голема Албанија.
Иако има уште една недела до тие мечеви, сепак уште сега провокациите почнаа. Имено, една албанска обложувалница за победа на Србија ставила коефициент нула. За победа на Албанија коефисиентот е 2,50, додека за реми 3.20.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа