Крадците го искористиле неговото отсуство - тетовчанец оштетен за 170 илјади денари

 

Вкупна штета од 170 илјади денари пријавил А.А. (45) по кражбата што непознати сторители ја извршиле вчера во неговиот стан на улицата Илинденска во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, пренесе МИА.

Според пријавата на А.А. непознатите го искористиле отсуството на домашните од станот во периодот помеѓу 15 и 16 часот и откако насилно ја отвориле влезната врата без многу пребарување од фиока во работната маса во салонот одзеле Ајфон 5 додека од јакна во плакарот одзеле повеќе парчиња златен накит, 2.200 евра од женски паричник и 300 евра ставени во плик. Незабележани од никого крадците излегле од станот.

 А.А. по враќањето дома проценил дека вкупната материјална штета од кражбата е околу 170 илјади денари по што го пријавил случајот во полиција чии службеници извршиле увид и работат на утврдување на идентитетот на сторителите и се друго поврзано со пријавената кражба.

 

 

Оцени ја веста

03.10.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега