Детали: Студентот од „Кузман“ најверојатно извршил самоубиство
20 годишниот студент кој почина во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, најверојатно извршил самоубиство, неофицијално дознава Пресс24 од извори во истрагата.
Според информациите, младиот прилепчанец решил да си го одземе животот скокајќи од повисоките катови на студентскиот дом.
Нашиот извор вели дека во вакви случаи, кога најверојатно станува збор за самоубиство, идентитетот на жртвата не се открива.
Некои медиуми објавија дека студентот оставил проштално писмо, но нашиот извор ги демантираше овие информации. Не се знае зошто младиот прилепчанец се решил на ваков чекор.
По падот веднаш бил префрлен во Ургентниот центар но по тешките повреди лекарите не можеле да сторат многу и тој утрово починал.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа