Страшна сообраќајка пред Куманово утрово: Жена со автомобил удрила во железничка куќарка
Е.П.(31) од Албанија утрово во 3.15 часот се здобила со сериозни повреди откако со автомобил удрила во бетонска куќарка на железнички премин, по што автомобилот се одбил и удрил во светлосен сигнален уред.
Албанската државјанка со автомобил „Форд“ се движела од Лојане кон Куманово, при што кај железничкиот премин во село Ваксинце изгубила контрола над возилото и удрила во бетонска куќарка, а потоа возилото се одбило и удрило во светлосен сигнален уред.
Повредената е пренесена во Општа болница Куманово, а оттука поради сериозноста на повредите е префрлена на скопските клиники.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа