Страшна сообраќајка кај Ваксинце: Повредената итно пренесена на Ургентен

 
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 3 часот и 15 минути во близина на селото Ваксинце.
 
Несреќата се случила кога 31 годишната државјанка на Албанија Е.П. управувајќи моторно возило „фор“ со албански национални ознаки се движела од Лојане кон Куманово, по што кај железничкиот премин во близина на Ваксинце изгубила контрола, удрила во бетонска куќарка, по што автомобилот се одбил и удрил во семафор.
 
Е.П по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите  е пренесена од кумановската болница и е префрлена во Ургентен Центар во Скопје. 
 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега