Вардар го раскина договорот со Артур Миранјан
Ерменскиот фудбалер Артур Миранјан од денеска не е повеќе член на Вардар.
„Црвено-црните“ и фудбалерот спогодбено го раскинаа договорот, со што интернационалецот од Ерменија е слободен играч.
Миранјан мина една сезона во Вардар, а во „црвено-црните“ дојде од екипата на Шахтјор Доњецк, за која имаше настапи во младинските екипи, а повремено тренираше и играше на неколку мечеви за сениорите на овој тим.
Во изминатиот шампионат 2014/2015 настапи на 12 меча во првенството за Вардар, или вкупно 284 минути. Тој е дел од младиот национален тим на Ерменија, а имаше и еден повик за сениорите оваа година за квалификацискиот натпревар со Португалија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа