Која е Катица Јанева?

 

Обвинителката која од денеска ќе ја преземе одговорната позиција Спцијален јавен обвинител во обвинителските и судски кругови важи за стручна, професионална и посветена личност. Катица Јанева чие име според неофицијалните информации било директен предлог на странските олеснувачи на преговорите, за јавен обвинител во обвинителството во Гевгелија , Собранието ја избрало на 10ти април 2003та година.

Неофицијалните информации говорат дека иако досега не работела на поголеми предмети од областа на организираниот криминал, за какви судот во Гевгелија нема надлежност, сепак подолг временски период учествувала на меѓународни обуки и семинари за усовршување на примената на новиот Закон за кривична постапка. Еден од предметите кои беа познати во јавноста а ги водела обвинтелката Јанева е оној со Спаска Митрева, во случај за алиментација.

Иако на интернет пребарувачите не можат да се најдат многу информации за нејзината кариера, што е случај со речиси сите обвинители кои не се дел од одделението за организиран криминал во Скопје, сепак во судските кругови таа не е анонимус.

Во нејзиниот имотен лист објавен на сајтот на Антикорупциската комисија е наведено дека поседува моторно возило Рено 5 Кампус, трансакциона сметка во Тутунска банка и денарска штедна книшка во Стопанска Банка.

На име на нејзиниот починат сопруг, кој бил ветеринар, се водат плац во село Конско во вредност од 1000 евра, земјоделско земјиште од 1930 м2 во вредност од 20 000 евра и моторно возило Ровер 45 во вредност од 20 000 евра.

 Сеуште не е познато кои ќе бидат нејзините точно определени надлежности ниту со каков тим ќе работи. Нејзина одговорна задача ќе биде да го преземе случајот „Пуч“ и да ги истражи наводите од прислушуваните разговори кои ги обелодени Заев.

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега