Срамен пораз во Луксембург
Македонската фудбалска репрезентација доживеа уште еден срам во квалификациски натпревар за ЕУРО 2016, поразена е од аутсајдерот Луксембург, од 1:0, со што падна на последното место во групата.
Ова беше 12. официјален квалификациски натпревар на гости којшто не успеваме да триумфираме и го доживеавме 11. Пораз. Уште еднаш загубивме од аутсајдер овозможувајќи му на Луксембург да се радува во квалификации за ЕП по цели пет години.
Македонија иако не одигра добро беше поблиску до победата, ни беше поништен гол и не реализиравме пенал во 84. минута, а на крајот во последните моменти бевме казнети, стрелец на голот беше Тил во 92. Минута.
Мечот се одигра на Стадионот „Жоси Бартел“ во Луксембург пред 1.657 Гледачи. Главен судија беше Ли Еванс а помошници Томас и Кинг, сите од Велс.
Македонија настапи во состав: Пачовски, Ристовски, Шиков, Мојсов (37’ К. Ристевски), Жута, Глигоров, Петровиќ, Ибраими (80’ Ашковски), Трајковски (74’ Илијоски), Абдурахими, Ивановски. Селектор: Љубинко Друловиќ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа