Младо момче ограбувало штипјани
Штипската полиција го фати разбојникот кој на дрзок начин ги ограбуваше штипјани. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова вели дека станува збор за 21-годишно лице, кое извршило вкупно 37 кражби врз граѓани.
- Пријавениот на 28 август минатиот месец, околу 9 часот и 20 минути на улицата „Широк дол“ во Штип, додека 61-годишна жена се движела пеш по улицата брутално ја нападнал и со удари по главата и телото и нанел повреди. Викајќи гласно и барал пари, по што насилно од вратот и го скинал и го одзел златното ланче, вели Панајотова.
Разбојникот е фатен, а заедно со 37-те кривични пријави е предаден на судија на претходна постапка, кој му одредел и мерка притвор во рок од 20 дена. Панајотова истакна и дека СВР-Штип за минатиот месец бележи зголемена ефикасност во расветлувањето на кривичните дела.
- Од областа на класичниот криминал бележиме ефикасност, односно од вкупно 62 кривични дела извршени од непознат сторител, расветлени се вкупно 30 кривични дела, со што бележиме зголемена ефикасност од 48 %, во споредба со периодот од минатата година, рече Панајотова.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа