Откриен идентитетот и на второто момче во трагедијата во близина на Количани
17 годишниот Адем В. од Студеничани е момчето чие тело заедно со телото на 28- годишниот Светислав Р. од Кичево беше пронајдено во автомобил марка ровер во близина на скопското село Количани.
Според досегашната истрага, таткото на малолетниот Адем пријавил во полиција дека на 29 – ти август , во саботата исчезнал неговиот син.
На истиот ден исчезнал и кичевчанецот, а неговиот брат пријавил во полиција во понеделникот.
Нивните безживотни тела биле пронајдени од случаен минувач во атарот на скопското село Количани, а покрај нив имало и пиштол.
Станува збор за убиство и самоубиство, а истрагата допрва ќе ги утврдува мотивите.
Телата на Адем и на Светислав се предадени на обдукција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа