Србиновски го одреди составот за ЕП, отпаднаа Магдевски и Јаневски

 

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентција Марјан Србиновски по синоќешниот тренинг ги одреди дванаесетте патници за Евробаскетот 2015. На континенталниот собир нема да настапат младиот бек Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски.

На ЕП кое по првпат во историјата ќе се одржи во четири држави, Хрватска, Франција, Летонија и Германија, македонската селекција ја сочинуваат: Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски. 

Црвено жолтите натпреварите на Евробаскетот ги започнуваат во сабота во 18 часот против Грција, следни ривали во групата Ц се  селекциите на Холандија, домаќинот Хрватска, Грузија и Словенија.

Македонија утре со авион заминува за Загреб каде ќе се играат натпреварите од Ц групата.

Покрај селекторот Србиновски во стручниот штаб на нашиот национален тим се и тренерите Перо Блажевски и Александар Јончевски и италијанскиот стручњак за физичка подготовка Џакомо Браида. 

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега