ЖРК Вардар против Ростов Дон во финалето на турнирот „Вардар 2015“
Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва во финалето на турнирот „Вардар 2015“ ќе играат против екипата од Русија, Ростов.
Синоќа во натпреварот за првата позиција во групата Б, Ростов го совлада шведски Савехоф со 25:20. „Вардарки“ по првите две кола со две победи над Лајпциг и Подрвака го обезбедија првото место во групата А.
На дуел одигран синоќа во групата А, Лајпциг ја совлада Подравка со 26:22.
Според тоа на денешните дуели за палсман на турнирот ќе играат:
Подравка – Савехоф (за петто место од 16 часот),
Будуќност – Лајпциг (за трето место од 18 часот) и
Вардар – Ростов (финале од 20 часот).
ЖРК Вардар и Ростов во рамките на подготовките веќе одиграа два натпревара и македонскиот првак постигна две победи (33:26 и 34:27).
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа