ВИДЕО: Доминација на Болт и на делницата од 200 метри

 

Јамајканскиот спринтер Јусаин Болт четврти пат по ред е шампион на светот во трката на 200 метри.

На планетарниот шампионат во Пекинг светскиот рекордер ја истрча делницата за 19.56, што е најдобро време во 2015. година, оставајќи го далеку зад себе единствениот сериозен ривал, Американецот Џастин Гетлин - 19.74.

Гетлин во полугиналето забележа личен рекорд со резултат 19.57, додека Болт не се трошеше - 19.95. Американецот до доаѓањето во Пекинг ги имаше најдобрите резултати на сезоната и на 100 и на 200 метри.

Меѓутоа, кога беше најважно, молњата од Јамајка блесна и, по златото на 100 метри, триумфираше и на дупло подолгата делница.

Бронзениот медал го освои Анасо Џободвана со 19.86 секунди, што претставува национален рекорд на Јужна Африка.

 

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега