Завршуваат работите на Улицата „18“ во „Даме Груев“
Завршува поставувањето на павер елементите на улица „18“ во населбата „Даме Груев“ , општина Ѓорче Петров.
Улицата , која е крак на главната сообраќајница „Лука Геров“ која минува низ населбата. Долга е 120 метри и со променлива широчина од 3 до 3,5 метри. На улицата предходно е изведена нова канализациска и водоводна мрежа.
-После 50 години некој се сети дека постоиме. Се не лажеа . Денес, утре, догодина и никогаш. Е, сега работата е поинаква. Секоја чест на комшијата Сокол кој ни вети дека ќе ја направи. Не верувавме дека нема да газиме кал ама и тоа бидна. Само погледнете колку е убаво сега. Сега и вода имаме нормално. До сега повеќе немавме отколку што имавме притисок на вода. Со новиот водовод е супер, а за канализацијата да не зборувам. Не смрди наоколу. Јами претекуваа... ајде да не се потсеќам повеќе. Уште улично светло да ни постави и како во Париз ќе сме. Сите улици во Ромско маало ги направи, искоментира Беаре Рамаданова, родена ѓорчепетровка која не го криеше своето задоволство од досега направеното.
Општината и понатаму гради на повеќе локации на својата територија. Деновиве започна и реконструкцијата на улицата „ Виа Игнатиа“ , а за неколку дена ќе биде асфалтирана и улицата „ Ибе Паликуќа“ во населбата Хром.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа