Педро официјално во Челзи
Лондонскиот Челзи го потврди доаѓањето на Шпанецот Педро Родригес од Барселона за сума од 30 милиони евра.
Шпанскиот фудбалски репрезентативец Педро е четврто засилување на клубот на Португалецот Жозе Мурињо за ова лето.
Претходно во редовите на англискиот фудбалски шампион на „Стамфорд Бриџ“ се преселија Радамел Фалкао, Асмир Беговиќ и Бабе Рахман.
„Среќен сум што сум тука, возбуден сум поради претстојната авантура во Челзи и тука сум за да освојуваме титули“, вели Педро.
„Им благодарам на сите кои што ми овозможија да го облечам синиот дрес“, рече Педро.
Родригес е роден на Тенерифе, додека во редовите на Барселона пристигна во 2004 година.
За првиот тим дебитираше во 2008-та година, додека во меѓувреме одигра повеќе од 300 натпревари и постигна 99 погодоци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа