И тоа се случува: Прегазен сообраќаен полицаец во Тетово

 

Вчера околу 12 часот попладне, на крстосницата со булеварите Маршал Тито и В.С. Бато во Тетово, сообраќаец за влакно избегнал смрт.

Имено, А.Б. (31) од тетовското село Нераште, со својот автомобил удрил во полицаецот кој го регулирал сообраќајот, откако претходно не го послушал за да го запре возилото. Полицаецот веднаш бил префрлен во клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош.

Тетовецот е приведен, а по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега