Кежаровски смеел да седи на свеж воздух само 20 минути - народниот правобранител ги следи условите во Шутка

 

Заменик народниот правобранител Трипун Танушевски денеска оствари средба со Иницијативниот одбор за слобода на новинарот Томислав Кежаровски.

Танушевски ги известил членовите на одборот, дека на 28. јуни заменикот народен правобранител Драги Целевски го посетил новинарот во притворското одделение во затворот „Скопје“. Според заменикот народен правобранител, Кежаровски бил психички рестревожен, но, не пател од други здравствени проблеми. 

Сепак, од канцеларијата на народниот правобранител забележале дека биле прекршени две ставки од Правилникот на затворот. Кежаровски, наместо два часа, добивал само дваесеттина минути дневно на свеж воздух, а дневните весници кои си ги плаќал, не ги добивал редовно.

За ваквите прекршувања, од канцеларијата на Народниот правобранител го известиле Судот и надлежниот во затворот во Шутка.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега