Опозиционерите на Facebook распалија по Шеќеринска - ти си тотално аут!
Ескалира незадоволството во опозициските редови. НОвинарот Бранко Тричковски кој важи за исклучително близок до СДСМ на социјалните мрежи распали по Шеќеринска. Тој вели дека не може да ги слуша нејзините изјави.
„Шекеринска е скроз во аут!
Чудно е колку не го поднесувам тонот на политичките изјави на Шекеринска! А, можеби, и не е толку чудно!
Денеска најде за потребно да каже три или четири работи: дека на Груевски му било поважно да се сонча отколку да постапува по извештајот на Прибе и по договорот од Пржино, второ, дека му е страв од фер и демократски избори и, трето, дека го боли таквото за европските перспективи на земјата!!!“ - напиша Тричковски на Facebook.
Претходно, на соцјалните мрежи реагираше и Ивор Мицковски кој го критикуваше договорот што го потпиша Заев.
Дека ситуацијата на Бихаќка и сериозно вжештена покажа и оставката на потпретседателот на партијата Ванчо Узунов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа