Ограбена позната агенција за недвижности во Скопје - крадецот си заминал со богат плен

 

Тешка кражба се случила во четвртокот во Скопје. Вчера околу  10,30 часот во полициската станица во Центар лицето А.Д.(50) од Скопје, пријавил дека во четвртокот  година во периодот од 17,20 до 10,15 часот во Скопје на ул.„Чедомир Миндеровиќ“, во канцелариите на Агенцијата за недвижности „Кастел“, непознат сторител извршил тешка кражба.

Крадецот  се прекачил на балконот, со камен го искршил стаклото од прозорот во кујната, влегол внатре и одзел 23.500 американски долари и два лап-топ компјутери, со што противправно се стекнал со имотна корист од околу 1.300.000 денари. 

Полицијата превзема мерки за наоѓањето на сторителот

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега