Герасимовски: Мораме сите заеднички да го кренеме гласот против булингот кај младите

 

Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска во Градскиот парк присуствуваше на настанот „Крени глас против врсничко насилство“, во рамки на општествено одговорната кампања што „Макпетрол“ ја реализира со цел да се зголеми јавната свест за проблемот со булингот.
 
Герасимовски, потенцира дека врсничкото насилство е проблем на целото општество, особено кај младите и мора сите заеднички - институциите, родителите, наставниците и младите да го кренат гласот и да се запре булингот.
 
„Нашата обврска е да им обезбедиме на децата и младите безбедна околина во која ќе се чувствуваат прифатени и поддржани. Од оваа година, во основните општински училишта во Центар спроведуваме успешна мерка кадешто на класен час наставниците и учениците дискутираат за врсничко насилство и ментално здравје. Со ваквите разговори ќе им помогнеме на младите полесно да ги препознаат знаците на насилство и истите да ги пријават”, рече Герасимовски.
 
Тој истакнува дека кога младите ќе застанат едни до други, кога ќе изберат емпатија наместо насилство – тогаш сите победуваме.  
 
Општина Центар продолжува да поддржува иницијативи кои ја градат свеста, солидарноста и храброста кај младите.
17.05.2025 - 13:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега