Инспекторите на терен: Угостители точеле алокохол на малолетници и ги држеле после полноќ
При акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Македонска Каменица биле утврдени сериозни прекршувања на законските прописи, меѓу кои точење алкохол на малолетно лице, како и прекршок за присуство на малолетник во угостителски објект по 24 часот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
-На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24,00 часот. За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека од страна на инспекциските служби се констатирани неправилности за што се изречени соодветни мерки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа